Ван-Бисака доаѓа на медицински прегледи на „Олд Трафорд“

Арон Ван-Бисака ќе биде второто летно засилување за Манчестер Јуанјтед. Во текот на оваа седмица, играчот на Кристал Палас ќе дојде на медицински прегледи на „Олд Трафорд“. Се очекува тој да пристигне во Манчестер веднаш по враќањето од Европскиот шампионат за играчи до 21 година од кој Англија испадна во фазата по групи.
Трансферот на одбрамбениот играч ќе биде 55 милиони фунти. Јунајтед долго време го следи Ван-бисака и според најавите во следните месеци тој ќе биде првиот избор на Оле Гунар Солскјер за десната бековска позиција со оглед дека Норвежанецот сака да го направи Јуанјтед помлад тим со динамична енергија на сите позиции на теренот.
21-годишниот Ван-Бисака потекнува од Кристал Палас, од 2017-та кога е префрлен во првиот тим има одиграно 42 натпревари.

 

Се вчитува...