Ван Бомел презема тим од Серија „А“

Младиот холандски тренер Марк ван Бомел би можел да ја заврши едногодишната пауза ова лето и да го преземе тимот на Парма, на местото на Кристијан Киву кој замина да го води Интер.

Поранешниот холандски репрезентативец е надвор од терените од крајот на мај минатата година, кога го напушти белгискиот клуб Антверпен, а претходно ги водеше Волфсбург и ПСВ Ајндховен.

Ван Бомел беше во комбинација за Парма и во јануари, но тогаш челниците на италијанскиот тим се решија за Киву, кој по само кратко време се одлучи да го преземе Интер од Симоне Инзаги, кој замина во Саудиска Арабија.

Се вчитува...