Вирџил ван Дајк како капитен ја предводеше Холандија до убедлив триумф над Унгарија од 4-0, но искусниот дефанзивец главен акцент во изјавата по мечот стави на страшната случка од самот почеток, кога гостинскиот помошен тренер Адам Салај колабираше крај аут-линијата.
Мечот беше во прекин 13 минути додека на Салај му беше укажувана лекарска помош, а за среќа целата драма заврши со хепиенд, состојбата се стабилизираше и тој беше свесен додека со амбулантно возило беше пренесен во клиниката во Амстердам.
„Секако дека беше голем шок за сите… беше страшно, да видиш човек како лежи на земја и се тресе. За среќа, во еден момент стана јасно дека состојбата му е стабилна, но се уште ми останува сликата пред очи како лежи и се тресе. Се надевам дека е во ред и дека наскоро целосно ќе се рехабилитира. Би сакал јавно да ги пофалам Унгарците што покажаа желба да го продолжат мечот по она што се случи. Тоа само потврдува каков силен тим се, каков карактер имаат, јас имам максимална почит кон секој од нив“, прокоментира Вирџил ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА