Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до титулата во англискиот Лига куп откако во финалето одиграно на Вембли во трилер натпревар славеа над Челси со минимални 1-0.
Во регуларниот дел од мечот видовме убава и отворена игра од двете страни, но мрежите што поради лошите удари на фудбалерите, што поради судиите мируваа.
Спорна ситуација се случи на средината на првото полувреме кога Каиседо имаше брутален старт над Гравенберх за кој на крајот не доби ниту жолт картон, а Холанѓанецот поради повреда мораше да го напушти теренот. Потоа Челси стигна до водство од 1-0 преку Стерлинг, но од ВАР собата успеаја во милиметар да најдат дека на почетокот на акцијата фудбалерот на „сините“ беше во офсајд.
Гол за водство постигна и Ливерпул преку Ван Дајк во 60. минута, но и тој гол поради офсајд беше поништен по ВАР. И двете екипи до крајот на регуларниот дел имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат мрежата на противникот. Слично беше и во продолженијата каде клучниот момент се случи во 118. минута кога Ван Дајк постигна гол вреден трофеј.
Chelsea 0 – [1] Liverpool – Virgil Van Dijk 118′
byu/PSGAcademy insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА