Непишано правило е екипите што стануваат европски прваци потоа да го дадат и освојувачот на „Златната топка“, а кога станува збор за Ливерпул, тука улогата на лидер без конкуренција му припаѓа на Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот маестрално диригираше со одбраната и во финалето со Тотенхем, па со освоената круна излегува во прв план и во битката за „Златната топка“ за најдобар фудбалер во 2019 година.
Сепак, Ван Дајк останува скромен, па во изјава веднаш по големото финале истакна дека ова индивидуално признание повеќе заслужува да заврши во рацете на Лионел Меси.
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот, тој ја заслужува „Златната топка“ иако не играше во финалето. Мислам дека тој е далеку пред сите други и треба да стигне до наградата. Мене ми е доволен денешниот трофеј од Лигата на шампионите“ – изјави Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

