Вирџил ван Дијк на крајот од сезонатасигурно го напушта Ливерпул, пренесуваат светските медиуми. Холандскиот стопер сака промена на средината и најверојатно повеќе нема да го носи дресот на „црвените“.
Иако се уште е меѓу најдобрите стопери во Премиерлигата, Ван Дијк реши да си замине, а шпанскиот „Фихајес“ пишува дека би можел да се пресели во Пари Сен Жермен, а се споменува како оцпија и Баерн Минхен.
Ливерпул на тој начин би можел да остане без тројца клучни играчи, со оглед на тоа што Трент Александер-Арнолд речиси сигурно оди во Реал Мадрид, а Мохамед Салах има понуди од Саудиска Арабија.
Ван Дијк пристигна во Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за 85 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА