Холандија славеше со 4-0 на синоќешниот дуел со Шкотска, но капитенот Вирџил ван Дајк јасно стави до знаење дека не е задоволен од изданието на својата селекција на овој натпревар.
Холанѓаните одиграа далеку под своите можности во првото полувреме во кое Шкотска неочекувано доминираше на теренот, а „лалињата“ поведоа со единствениот удар кон противничкиот гол, проектилот на Рејндерс од околу 25 метри.
„Да бидеме искрени, ова не беше меч за 4-0 ако се знае што се случуваше на теренот. Имавме проблеми, пред се околу поседот на топката и тоа мора да се промени. Премногу загубени топки? Тоа е проблем бидејќи од нив противниците тргнуваат во контранапад и знаат да бидат многу опасни. Реално, треба да работиме напорно, има многу работи што мора да се поправат. Мораме многу подобро да играме ако сакаме да направиме нешто позначајно на претстојниот европски шампионат“, порача Вирџил ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

