Ван Дајк до судијата: Друже па ти да не си пијан?

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк очигледно не беше задоволен од судењето на мечот против Арсенал кој на крајот заврши без победник 1-1. ТВ камерите забележаа интересен момент во кој се гледа како Холанѓанецот на судијата Крис Кавана му вели „дали пиел нешто?“.

Капитенот на „црвените“ за овој коментар успеа да се извлече и да остане без јавна опомена.

За потсетување, минатата недела играчот на Манчестер јунајтед, Диого Далот беше исклучен по два жолти картони за острата реакција кон судијата Мајкл Оливер, додека соиграчот на Ван Дајк, Дарвин Нуњез, избегна казна поради сличен прекршок и саркастичен аплауз кон судиите.

 

Се вчитува...