Ван Дајк: Доволно сум добар за да играм и на СП во 2026 година

Роналд Куман неодамна откри дека имал разговор со Вирџил ван Дајк на кој се дискутирало за репрезентативната иднина на одличниот дефанзивец.

Со свој коментар денеска се јави и самиот Ван Дајк, потврдувајќи го ставот дека негова желба е да продолжи да ги брани боите на Холандија најмалку уште две години.  Ван Дајк има 33 години, но ланската сезона одигра 64 средби и на теренот мина 5395 минути, покажувајќи дека може да игра на највисоко ниво.

„Знам дека сум доволно добар за да продолжам да играм, на клупско и на репрезентативно ниво. Јас сум капитен на Ливерпул, се чувствувам одлично, играм во топ-форма од физички аспект, а напредувам и кога станува збор за контрола на топката. Немам дилема, можам да играм на уште најмалку едно СП и тоа му го кажав и на селекторот“, изјави Ван Дајк.

Дефанзивецот игра одлично на стартот од сезонава во дресот на Ливерпул, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да се убеди управата да му даде нов договор, ако се знае дека Ван Дајк следното лето би можел да стане слободен играч на пазарот.

Се вчитува...