Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ги отфрла шпекулациите кои се појавија во англиските медиуми дека преговара за нов договор со европскиот првак. Се појавија шпекулации дека тој со новиот договор ќе заработува 200.000 фунти неделно, но сето тоа холандскиот фудбалер го демантираше.
„Нема никаква вистина во шпекулациите. Не ме интересира сето тоа. Видов некои приказни во медиумите како се договорам околу нов договор. Тоа не е точно. Единствено за што сега размислувам е дека сакам да се фокусирам на натпреварите кои ме очекуваат. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Ван Дајк.
Ван Дајк во Ливерпул стигна во јануари 2018 година од редовите на Саутемптон. Во тој момент беше најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, а со „црвените“ потпиша договор до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА