Ван Дајк: Има еден фудбалер кој го сакам во Ливерпул, со него би биле класа подобри!

Ливерпул не блеска сезонава во Премиерлигата во која има дури 15 бода помалку од водечкиот Арсенал, а во Лигата на шампионите заврши зад Наполи во групата.

Во интервјуто со Гери Невил, дефанзивецот Вирџил Ван Дајк открива дека има еден фудбалер со кого Ливерпул би бил класа подобар.

„Кевин Де Брујне е фудбалер со кого никогаш не сум играл, а би сакал. Тој е неверојатен, извонреден фудбалер, а мислам дека кога тој би дошол во Ливерпул би биле многу подобри од сега. Одличен е со топката, во пресинг, постојано погодува… Вистински модерен фудбалер од средниот ред“ – вели Ван Дајк.

Де Брујне е во Сити од 2015 година кога за 76 милиони евра го напушти Волфсбург. Одигра досега 320 натпревари за англискиот шампион и постигна 89 гола со 133 асистенции, од кои три гола и пет асистенции во дерби-дуелите против Ливерпул.

Ван Дајк и Де Брујне неколку пати се снимени како разговараат пред и по меѓусебните натпревари, заедно беа снимени и на Ибица, а децата им одат во исто училиште во Англија.

Се вчитува...