Вирџил ван Дајк ја демонстрираше лидерската способност откако холандскиот ас се појави во јавноста целосно преземајќи ја одговорноста за поразот од Арсенал.
Алисон Бекер немаше свој ден и беше директен виновник за вториот и за третиот гол при поразот од 3-1, но Ван Дајк јасно стави до знаење дека критиките треба да се насочат кон него, порачувајќи дека овие грешки само ќе го направат уште посилен.
„Ова беше тежок ден, дефинитивно. За голот за 2-1, јас сум виновен, тоа беше клучниот момент на натпреварот, а јас не реагирав како што требаше. Бевме добри во второто полувреме, создававме шанси, а противникот стануваше нервозен, и тогаш се случи тоа… Морав да ја удрам топката многу порано, вака се случи Бекер малку да ме закачи мене, да не стигне како што треба до топката и да примиме гол. Можам само да им се извинам на сите, дефинитивно нема да се повтори вакво нешто во иднина, ќе извлечеме поука и ќе бидеме уште подобри“, истакна Ван Дајк.
Ливерпул и во следното коло ќе има незгоден предизвик, гостување против Брентфор, меч за кој Ван Дајк за партнер во одбраната ќе го нема Конате, кој доби црвен картон на денешното дерби со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА