Холандија оди според планот на овој светски шампионат, откако „лалињата“ најпрвин го освоија првото место во групата, а потоа и во премиерниот меч од нокаут-фазата на СП 2022 рутински славеа против селекцијата на САД.
Вистинските предизвици допрва следат, со оглед на фактот дека в петок „лалињата“ ги очекува дуел со Аргентина. За дефанзивецот Вирџил ван Дајк ова ќе биде добра можност повторно да ги одмери силите со Лео Меси, со кого неколку пати се има сретнато на клупски план, но ниту еднаш на големите репрезентативни натпреварувања.
„За мене лично е чест што ќе играм против Лео Меси на еден мундијал. Сепак, ова нема да биде дуел меѓу мене и него, туку меѓу две силни репрезентации. Меси нема да може самиот да ја победи Холандија, но сигурно ќе треба да направиме добар план за да го неутрализираме колку што е тоа можно. Кога тој ја има топката централно и напаѓа, Аргентина е опасна со фудбалерите што втрчуваат од позадина по крилните позиции, тоа е нешто на што ќе мораме да внимаваме“, истакна Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА