Вирџил ван Дајк не го криеше разочарувањето по ремито на Ливерпул на градското дерби со Евертон, откако „црвените“ примија гол во 98. минута и останаа без значајни два бода во трката за титулата.
„Тешко е да се говори по еден ваков меч, разочарувањето поради примениот гол во последната секунда е големо. Беше меч преполн со интензитет, со тензија, но знаевме дека ќе е така, ова беше нивно последно градско дерби на „Гудисон Парк“ и знаевме дека ќе бидат дополнително мотивирани. Ова беше како куп-финале за нив, дадоа се од себе, ние бевме толку блиску до победата, но не успеавме да ја задржиме“, изјави Ван Дајк.
Капитенот на Ливерпул гласно го критикуваше судијата Мајкл Оливер поради одлуките што ги носеше во текот на целиот натпревар.
„Мислам дека судијата немаше контрола над мечот, со тоа придонесе да се создаде тензија на теренот. Јасно му кажав што мислам, дека со своите одлуки влијаеше врз резултатот. Сите оние ситни прекршоци што без исклучок ги свиреше во корист на Евертон, а ниту еден таков прекршок за нас…“, истакна холандскиот дефанзивец во дресот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

