Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк изјави дека нема никакви информации за нов договор со клубот.
Договорите на Ван Дијк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах истекуваат на крајот од сезоната, а Ливерпул верува дека води позитивни разговори со своите агенти за продолжување на соработката.
Ливерпул синоќа во Шпанија ја победи Џирона со 1-0 и ја оствари шестата победа во шест натпревари во Лигата на шампионите, а Ван Дијк беше прашан за договорот.
„Не можам ништо да кажам, немам никакви вести, изјави Ван Дијк за Би-Би-Си.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

