Капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се обиде да ја намали тензијата после изјавата дека Манчестер Јунајтед се радувал на бодот освоен на Енфилд.
Некогашниот капитен на Црвените ѓаволи, Рој Кин го нарече Ван Дајк „арогантен“ и за возврат ги нападна играчите на Ливерпул.
Ван Дајк му одговори на Кин, но кажа дека немал намера да биде арогантен.
„Во ред е тоа што го кажа Рој. Од секогаш бил во Манчестер, и разбирам дека ќе реагира така, но во моите зборови нема ароганција. Секој кој го гледаше натпреварот, виде што се случи на дербито. Разочарувачко за нас е тоа што не дадовме гол. Очигледно е дека противникот не беше во најдобра состојба, и дојде тука после пораз од 7-0 на истиот терен. Можеше да се види дека планот им е да не загубат. Ни, пак, направивме се што можевме да го добиеме мечот, но понекогаш не носевме добри одлуки во завршницата“, рече Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА