Холандскиот интернационалец Вирџил ван Дајк се согласил да потпише нов договор со актуелниот европски првак Ливерпул, откриваат медиумите на Островот. Тој во наредниот период треба да стави потпис за продолжување на верноста кон клубот до 2025 година.
Холанѓанецот минатата година во јануари пристигна во Ливерпул за 75 милиони фунти и потпиша петгодишен договор. Прикажа фантастични игри во дресот на „црвените“ и менаџерот Јирген Клоп одлучи да го обнови неговиот договор зголемувајќи му ја месечната плата. Според новата понуда, Вирџил ван Дајк во иднина би заработувал по 200.000 фунти седмично, што е зголемување од 75.000 фунти во однос на сегашната негова заработка.
Ван Дајк за Ливерпул одигра 78 натпревари по доаѓањето од Саутемптон и успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА