Холандскиот репрезентативец, Вирџил ван Дајк, е еден од најбараните дефанзивци во последниве две сезони, но по сите изгледи еден клуб има предност пред другите за неговиот потпис. Ван Дајк преферира трансфер во Челси, а Саутемптон не може да го спречи неговото заминување, па веќе започнаа потрага по негова замена.
Овој квалитетен 25-годишен дефанзивец е проценет од својот клуб на 50 милиони фунти, па ако Абрамовиќ и Конте одлучат да го доведат, цената секако нема да биде проблем. Покрај „сините“, за ван Дајк се интересираат и Ливерпул, Тотенхем и двата ривали од Манчестер.
Сити минатата сезона исплати 47 милиони фунти за ангажман на Стоунс, а раководството на Саутемптон смета дека ван Дајк е поквалитетен од него и вреди многу повеќе од 22-годишниот Англичанец. Токму затоа и минималната сума за негов трансфер ќе изнесува 50 милиони фунти.
Замена за Ван Дајк би можел да биде дефанзивецот од Ливерпул, кој е моментно на позајмица во Кристал палас, Мамаду Сако, а тимот од „Енфилд роуд“ бара 20 милиони фунти за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА