Ван Дајк по ремито со Фулам: Не ни е виновен судијата

Ливерпул испушти значајни бодови во битката за титулата откако во 16. коло од Премиерлигата ремизираше со 2-2 против Фулам во натпревар во кој „црвените“ беа со играч помалку од 16. минута кога директен црвен картон заработи Робертсон.

Судиското судење не е причина за поразот, вели капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

„Разговарав со играчите на Фулам и чувствувавме како судијата да е нервозен. Тој не можеше правилно да комуницира со Робертсон, тоа го почувствував.

Не можеме да ја префрлиме вината на судијата. Сите зборуваме за заштита на судијата, но јас не можев да зборувам со него. Тоа не треба да биде голема работа бидејќи тој не е причината зошто испуштивме бодови“, изјави капитенот по средбата.

Сега Ливерул има само пет бода предност пред второпласираниот Челси.

Се вчитува...