Вирџил ван Дајк инсистира да му биде дозволено да се пресели во Ливерпул, одличниот дефанзивец за ваквиот став веќе го известил и менаџерот на Саутемптон, Маурицио Пелегрино, соопштувајќи му дека нема намера повеќе да настапи на ниту еден натпревар за „светците“. Холандскиот ас уште од стартот на преодниот рок инсистира на трансфер на „Енфилд“, но Ливерпул пред еден месец јавно се извини за преговорите со него соопштувајќи дека нема намера да ги влошува односите со Саутемптон.
Иако се очекуваше да не дојде до трансфер, последните информации говорат дека двата клуба ги обновиле преговорите, па сега Ван Дајк со ваквиот потег настојува само да го убрза трансферот. Менаџерот Покетино веќе го испрати холандскиот интернационалец да тренира индивидуално, отстранувајќи го од тимот, па јасно е дека е само прашање на време кога дефанзивецот ќе си замине од Саутемптон.
Проблем барем засега е отштетата, Саутемптон инсистира на 65 милиони фунти, првата понуда на Ливерпул од 45 милиони била експресно одбиена, но за очекување е двата тима час поскоро да најдат заеднички јазик за конечно да стават крај на сагата околу овој дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА