Ван Дајк потврди напредок во преговорите за нов договор со Ливерпул, но…

Ливерпул престојното лето би можел да остане без услугите на капитенот Вирџил ван Дајк чиј договор истекува и неизвесно е дали ќе ја продолжи соработката која трае од 2018 година.

Холандскиот стопер говореше на оваа тема откривајќи дека за разлика од преговорите со Мо Салах и Трент Александер Арнолд, во неговиот случај има напредок, но и покрај тоа не е сигурен дали ќе прифати и во иднина да настапува на „Енфилд“.

„Да, постои напредок. Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Ова се внатрешни преговори. Тоа не го менува фактот дека го сакам овој клуб, ги сакам овие навивачи и едвај го чекам следниот натпревар со Вест Хем на кој сакам да ги израдуваме навивачите“, изјави Ван Дајк.

Се вчитува...