Ван Дајк препорача нов дефанзивец за Клоп (фото)

Кризата со повредени одбранбени играчи во Ливерпул почна кога Вирџил ван Дајк ги скина лигаментите на коленото на дуелот со Евертон, а холандскиот ас веќе извесно време е под специјален режим на тренинзи, за што поскоро да може да се врати на терените.

Тој се наоѓа во Дубаи, каде работи со личен тренер, а Ван Дајк денеска имаше можност таму да се запознае и со апсолутниот УФЦ-шампион Хабиб Нурмагомедов.

Средбата беше овековечена со заедничка фотографија, а фановите на Ливерпул веќе почнаа со шеги како Ван Дајк му препорачува на Јирген Клоп ново засилување, играч со кој Ливерпул дефинитивно би добил на цврстина.

Се вчитува...