По неколку дена молк од Ливерпул на „темата Салах“, капитенот Вирџил Ван Дајк се одлучи да ги изнесе своите ставови околу целата ситуација. Тој јасно стави до знаење дека неговите разговори со Салах имале за цел да го убедат да остане, а во исто време го пофали Слот за справувањето со тешката ситуација.
Египќанецот се врати во тимот на Ливерпул во саботата и стана играчот со најмногу голови и асистенции за еден тим во Премиерлигата. Тимот на Ливерпул се искачи на шестото место со победата, но сепак има во моментов голема разлика зад лидерот Арсенал – десет бода.
По натпреварот, Салах направи почесен круг со солзи во очите, а многумина веруваат дека тој засекогаш се збогувал со навивачите на „Енфилд“.
И покрај ова, Ван Дајк е решен да го убеди својот долгогодишен соиграч да остане во Ливерпул.
„Разговарам со него за сè. Му реков дека сакам да остане. Би сакал да го имам во близина бидејќи е еден од најдобрите. Сепак, фактот е дека тој оди на Купот на африканските нации. Ќе бидеме во контакт во наредните денови и недели, како и секогаш, и ќе видиме на крајот. Му посакувам апсолутно се најдобро и секако да ни се врати. Се надевам дека ќе се врати и ќе биде важен дел од тимот до крајот на сезоната, иако немам контрола врз тоа. Од друга страна, сите знаеме дек фудбалот носи се и сешто, и немаме поим што ќе се случи. Тој е многу важен за нашиот тим, но има многу страни во оваа ситуација.“
Дополнително, Ван Дајк го пофали Слот за справувањето со ситуацијата.
„Ситуацијата е таква што создава многу бучава. Како капитен морам да се справам со тоа како момците реагираат на тоа, а тие беа совршени. На крајот, и самиот Мо реагираше совршено. Слушам, набљудувам и тоа е најважното нешто. Овој момент е многу добар за да се види како ќе реагираат сите. Мислам дека Слот заврши совршена работа“, рече Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

