Централниот дефанзивец и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дајк изјави дека е премногу рано да се каже дека „црвените“ се фаворит за освојување на Премиер лигата оваа сезона.
Ван Дајк не сака да зборува за титула, поради лошото искуство од минатото.
„Веќе имаме слично искуство, двапати бевме блиску до титулата и загубивме на крајот со мала разлика. Тотенхем е сериозен противник и среќен сум што успеавме да го победиме. Сега треба да се подготвуваме за следните натпревари. Следно ни е дуелот со Лестер. Главна работа е да одиме чекор по чекор, и да не размислуваме уште од сега за мај. Знаеме дека тоа ќе биде тешко, но мораме да го направиме“, рече Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА