Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не остана покус и го коментираше односот на спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос кој по натпреварот ги обвини судиите за поразот во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.
„Црвените“ победија со гол во 87. минута од средбата, откако во текот на целиот меч ПСЖ доминираше, а францускиот тим е лут на судењето. Кампос бараше објаснување од судиите за дуелот Конате – Баркола, откако Маса одлучи да не му додели црвен картон на дефанзивецот на Ливерпул поради прекршокот.
„Брате, ова не е Лига 1“, му одговори Ван Дајк на Кампос по обвинувањата кон судиите.
Холанѓанецот мислеше на францускиот шампион, во кој ПСЖ има убедливо водство, и најверојатно ќе дојде до нова титула, 11-та во последните 13 сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

