Ван Дајк: Сами сме виновни, му дозволиме на Манчестер Јунајтед да се надева на спас

Ливерпул не ги искористи своите шанси во првото полувреме од дерби натпреварот од 32. коло во Премиерлигата против Манчестер Јунајтед па потоа се спасуваше од пораз на „Олд Трафорд“.

Домаќините негативата од 0-1 по првите 45. минути ја претворија во предност од 2-1 преку Фернандеш и Меино, а Салах преку пенал донесе бод за Ливерпул, но со него „црвените“ паднаа на втората позиција на табелата зад Арсенал што наиде на големо разочарување кај капитенот Вирџил ван Дајк.

„Требаше да имаме 2-0 на полувремето. Ја имавме играта под контрола и штета што ја испуштивме. Се чувствувам како да сме изгубиле. Ги потрошивме нашите можности и му дадовме спас на противникот“, изјави Ван Дајк за англиските медиуми.

Се вчитува...