Капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк по вчерашниот натпревар против Брајтон, проговори за ситуацијата со Мохамед Салах. Египѓанецот не беше во тимот за гостувањето против Интер на „Џузепе Меаца“ поради недоличните коментари кои ги упати на сметка на тренерот Арне Слот во ремито против Лидс.
Ван Дајк изрази надеж дека Салах ќе остане да биде дел од тимот и понатаму, и дека оваа ситуација нема да го поколеба да се реши да замине од „Енфилд“.
„Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и дека ќе биде важен за нашиот тим до крајот на сзоната. Сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината, и што ќе се случува на крајот. Сепак, јас се надевам дека Мо ќе остане, затоа што тој е еден од лидерите на Ливерпул и е многу важен за нашиот тим“, рече Ван Дајк.
Арне Слот вчера му даде шанса против Брајтон на Салах, а после натпреварот кажа дека темата е затворена, и дека она што си кажале двајцата останува само меѓу нив, и Салах продолжува да биде дел од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

