Јирген Клоп има причина за задоволство откако најдобриот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ги надмина проблемите со повредата и ќе може да настапи на утрешниот дуел со Њукасл.
Холанѓанецот беше надвор од тимот по повредата заработена на гостувањето против Брентфорд на 2 јануари, но успеа да ја добие трката со времето, да може да настапи најпрвин против Њукасл, а потоа и на првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид што на програмата ќе биде во вторник.
„Мислам дека е подготвен. На вчерашниот тренинг делуваше апсолутно подготвено за камбек и тоа е добра вест за сите во клубот“, изјави Клоп.
Германецот од минатата седмица на располагање повторно го има и Диого Жота исто како и Роберто Фирмино, а во следните дваесетина дена се очекува во тимот на Ливерпул да се врати и Луис Дијаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

