Ван Дајк: Секоја чест на Слот за ова што го направи со Ливерпул

Ливерпул е на чекор до шампионската титула во Премиер-лигата, „црвените“ завршија две од трите клучни работи со потпишаните нови договори со Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, а навивачите со нетрпение ја чекаат недела, кога нивните миленици со победа на „Енфилд“ над Тотенхем можат да стават печат на шампионскиот трофеј.

Ван Дајк е на добар пат да стане прв Холанѓанец што како капитен ќе го крене пехарот во Премиер-лигата, а одличниот дефанзивец уште еднаш ја покажа скромноста – посочувајќи дека најзаслужни за оваа извонредна сезона на „црвените“ се Арне Слот и неговиот тренерски тим.

„Дали сме очекувале вакво нешто? Секако дека не, на пет кола до крајот да имаме 13 бода предност на врвот, никој не очекуваше такво нешто. Лани се боревме за титулата до април, не успеавме, годинава ќе сториме се за тоа да се оствари. Сите имаме свој придонес, но мислам дека најголеми комплименти заслужува стручниот штаб на чело со Арне Слот. Да дојдеш од Холандија, да се адаптираш толку брзо, да го кренеш нивото на голем дел од играчите, да ги навикнеш на нов стил на игра за само еден месец предсезонски период… И сето тоа без нови фудбалери во тимот… навистина секоја чест“, истакна Ван Дајк.

Се вчитува...