Ван Дајк: Сите многу добро знаат колку го сакам Ливерпул

Вирџил ван Дајк беше херојот на Ливерпул на денешниот дуел против Вест Хем, на кој токму холандскиот дефанзивец со гол во самиот финиш му ја донесе победата на лидерот на премиерлигашката табела.

Ван Дајк прославуваше јубилеј, 100 меча како капитен на „црвените“, меч што Холанѓанецот уште долго ќе го памети.

„Ова беше крајно емотивен ден, пред се поради годишнината од Хилсборо. Бевме фокусирани, сакавме да победиме и да направиме уште еден чекор напред кон остварување на нашите соништа, не само на нас фудбалерите туку и на сите навивачи на клубот. Бескрајно сум среќен што можам да кажам дека на 100 натпревари сум го предводел Ливерпул како капитен“, изјави Ван Дајк.

Салах потпиша нов договор, а се очекува истото да го стори и Ван Дајк, кој начелно ги прифатил понудените услови и се чека само на официјализација на потписот.

„Сите многу добро знаат колку го сакам Ливерпул, колку сум приврзан за овој клуб. Да почекаме да видиме што ќе се случи“, истакна 33-годишниот дефанзивец.

Се вчитува...