Сериозни критики претрпеа холандските репрезентативци по катастрофалното издание и поразот од 3-2 од Австрија во третото коло од групната фаза. „Лалињата“ со тој резултат паднаа на третото место во групата, а меѓу најкритикуваните беше Вирџил ван Дајк, кој целосно потфрли како командант на последната линија на националниот тим.
Марко ван Бастен, Роналд де Бур и Рафаел ван дер Варт беа меѓу најгласните во критиките кон Ван Дајк, а асот на Ливерпул испрати јасен знак дека пораката е примена.
„Во последните денови беа кажани тешки. Тоа е сосема нормално кога ќе се загуби таков меч, кога ќе се одигра толку слабо. Не се само тие, јас и самиот знам дека сум виновен за она што се случи. Не сум луд, знам кога не сум на ниво и кога морам да бидам подобар. Знам дека можам да бидам на многу повисоко ниво отколку на претходните средби, работам на тоа и верувам дека ќе се покажеме во поинакво светло. Мораме да покажеме реакција, јас како капитен и сите останати“, изјави Ван Дајк.
Холандија за противник во осминафиналето ќе ја има Романија, дуел што е закажан за вторник во 18 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА