Ливерпул е на прагот на oсвојувње на 20. шампионска титула. Јунак на победата над Лестер минатиот викенд беше стрелецот на единствениот гол Трент Александер-Арнолд, кој се уште нема потпишано продолжување на договорот.
Детето на Ливерпул и еден од најдобрите десни бекови во светот има договор до крајот на јуни. Тој се уште не го продолжил, а според бројните извештаи веќе се договорил со Реал Мадрид да им се приклучи како слободен играч.
Сепак, капитенот на „црвените“ Вирџил ван Дијк го пофали својот соиграч и заменик-капитен за се што направил за клубот.
„Откако дојдов во клубот, тој е фантастичен. Ќе остане запаметен по многу добри работи за Ливерпул, дури и ако реши да замине. Што и да се случи во иднина, тоа е нешто што ќе мора да го реши со своето семејство. Но, тој сепак е играч на Ливерпул и важен за нашиот тим“, изјави Ван Дијк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА