Ван Дајк запиша нов рекорд и влезе во историјата на Ливерпул

Ливерпул вчера беше подобар од Вест Хем на „Енфилд“ и славеше со минимални 1-0. Командат во одбраната на овој натпревар повторно беше Вирџил Ван Дајк кој ја продолжи непоразената серија на домашен терен и постави уникатен рекорд.

Стоперот на Ливерпул е во низа од 60 натпревари во низа на кои не знае за неуспех пред домашната публика. Во тие 60 натпревари Ливерпул победи на 52 натпревари, додека осум средби завршија нерешено.

Тимот на „црвените“ со 63 бода се наоѓа на втората позиција во Премиер-лигата.

Се вчитува...