Ајнтрахт Франкфурт одлучи да не ја активира клаузулата за откупување на договорот на Дони ван де Бек. Холанѓанецот во јануари беше испратен на позајмица во германски клуб, но и таму не се прослави.
Ајнтрахт имаше опција да плати вкупно 14 милиони евра со бонуси во јуни за Холанѓанецот трајно да стане нивен член.
Сепак, како што пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, Ајнтрахт веќе одлучил да го врати во неговиот матичен клуб. Едноставно е нејасно што се случи со поранешниот играч на Ајакс, кој дојде во Манчестер Јунајтед во 2020 година, во последните четири години.
Оттогаш одигра само 62 натпревари за англискиот клуб и постигна два гола со две асистенции. Во февруари 2022 година тој замина на кратка позајмица во Евертон, но и таму немаше голем успех.
Тој има договор со Јунајтед до јуни 2025 година, но сепак се очекува да го напушти „Олд трафорд“. Како еден од заинтересираните се споменува неговиот поранешен клуб Ајакс, па враќањето во Холандија не е нереална опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА