Ван дер Сар го одби Јунајтед, сака да остане во Ајакс

Легендарниот холандски голман, Едвин ван дер Сар го одби Манчестер Јунајтед, бидејќи сака да остане во Ајакс. Тој имаше понуда од „црвените-ѓаволи“ да ја преземе директоркската функција во клубот, но тој ги одби бидејќи сака да продолжи со работата во тимот од Амстердам.

„Среќен сум во Ајакс. Ми се допаѓа работата која ја завршуваме и многу сум задоволен од тоа. Сакам да го вратиме Ајакс во фудбалскиот врв. Со тоа почнавме минатата сезона, сега сакам да напредуваме уште повеќе“, изјави Ван дер Сар. 

Ван дер Сар во Манчестер Јунајтед настапуваше во периодот од 2005 до 2011 година. Забележа 186 настапи за клубот од „Олд трафорд“ со кој во 2008 година ја освои и титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...