Ван дер Сар: Кој вели дека коронавирусот ќе ја намали вредноста на трансферите? Само тие што купуваат…

Светот и фудбалот нема да бидат исти по пандемијата на коронавирусот. Предвидувањата на економските аналитичари се дека вредноста на фудбалерите ќе се намали, трансферите ќе бидат многу помали, затоа што клубовите нема да можат тоа да си го дозволат. Но, така не мисли и Едвин ван дер Сар, кој ја има една од водечките улоги во раководството на холандскиот гигант Ајакс.

„Кој вели дека ќе се намали вредноста на трансферите поради пандемијата на коронавирусот. Тоа го велат клубовите кои живеат од купување на нови фудбалери затоа што така им одговара. Но, сепак, цената на пазарот ја диктираат оние кои продаваат. Ајде да видиме какви ќе бидат понудите што ќе пристигнат до Ајакс за нашите квалитетни фудбалери. Кој е тој што мисли дека ќе ги добие Дони ван де Беек или Николас Талјафико за помала сума? Во ред, тогаш револуцијата во фудбалот ќе биде сосема поинаква. Ќе се вратат на голема сцена клубовите кои што произведуваат фудбалерите, затоа што нема да ги продадат под цена, само зошто е криза“, изјави Едвин ван дер Сар.

Холандското првенство е прекинато и нема да продолжи со одлука на холандската влада.

 

Се вчитува...