Ракометарките на Холандија ја декласираа Црна Гора со 42-25 во натпревар кој немаше резултатско значење, откако уште вчера Црна Гора заедно со Франција обезбеди полуфинале на Европското првенство.
Холанѓанките уште од самиот старт почнаа силно и веќе на полувреме имаа плус шест 21-15. До крајот разлиаката само се зголемуваше за конечни 42-25. Дефинитивно талисман за „лалињата“ беше поранешниот фудбалер Рафаел ван дер Варт кој е гостин во Македонија и го следеше овој меч на кој за Холандија настапи неговата сопруга Eстеван Полман. Ингер Смитс со седум гола беше најдобра кај победникот, додека кај поразените Јауковиќ заврши со единаесет.
Шведска го осигура третото место во групата 1 и мечот за петто место откако славеше над Хрватска со 27-31. Најдобар поединец кај Швеѓанките беше Натали Хагман со осум гола, додека кај Хрватска Тена Петика заврши со шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА