Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и ас на холандскиот фудбал, Рафаел ван дер Варт, насилно го навреди дефанзивецот на кралскиот клуб, Антонио Ридигер.
Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Шпанија, откако во финалето во Севилја по продолженијата го совладаа Реал Мадрид со 3-2. Сенка на одличниот натпревар фрли инцидентот кој се случи во последните секунди од натпреварот.
Фудбалерите на Реал беа незадоволни од арбитражата на главниот судија Рикардо де Бургос Бенгоече и ситуацијата ескалираше во последните моменти.
По досудениот фаул во корист на Каталонците, Ридигер во последните моменти од мечот експлодира на клупата за резерви. Го гаѓаше главниот судија со мраз и се упати кон теренот за физички да се пресмета со него, но во последен момент го спречија соиграчите и членовите на стручниот штаб.
Германецот доби директен црвен картон и се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари поради неговото срамно однесување. Неговото однесување го коментираше поранешниот ас на Реал, Рафаел ван дер Варт.
Тој го нарече Ридигер пациент и идиот, што не им се допадна на навивачите на кралскиот клуб.
„Антонио Ридигер е пациент, а понекогаш и идиот. Има денови кога е одлично момче и има денови кога е целосен идиот. Во саботата беше идиот“, изјави Ван дер Варт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА