Ван дер Варт за Роналдо: Таква себичност немам видено во животот, важно беше само тој да даде гол…

Рафаел ван дер Варт не ги исполни целосно очекувањата од него како играч, иако беше член на големи клубови не се наметна како лидер во истите, но затоа поранешниот холандски плејмејкер сега се наоѓа во фокусот на вниманието со критики кон актуелни и поранешни фудбалери.

Во татковината важи за „аналитичар без влакна на јазикот“, па така Ван дер Варт остро критикува кога стигне, а денеска на неговата листа се најде и Кристијано Роналдо. Холанѓанецот мина една сезона со Роналдо во Реал Мадрид (првата на Португалецот во шпанскиот гигант), не криејќи дека бил изненаден од себичноста на фудбалската суперѕвезда.

„Тој има неверојатно тело, затоа што работи со часови на него, внимава и на времето на спиење и на исхраната, навистина неверојатно. Сепак, го паметам и по уште една работа – беше неверојатно себичен. Такво нешто немам видено во животот, важно му беше само тој да даде гол, ништо друго. Ако победевме со 6-0, а тој не беше стрелец, Кристијано седеше разочаран во соблекувалната. Ако пак загубевме, а тој имаше дадено два гола, не постоеше никаков проблем, беше сосема среќен“, коментираше Ван дер Варт за еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња.

Се вчитува...