Холандскиот стратег Луј ван Гал, кој најави дека заминува во фудбалска пензија, сепак, би можел повторно да се активира и тоа како селектор на фудбалската репрезентација на Австралија, која ќе учествува на Светското првенство во Русија следната година. Раководните луѓе на австралискиот фудбал се во потрага по еминентен стратег кој ќе ги води „кенгурите“ на мундијалот, а веќе стапиле во контакт со Ван Гал. Понудата е за двегодишен договор, а во трката се наоѓа и Марсело Биелса, кој неодамна си замина од францускиот прволигаш Лил.
Австралиските медиуми наведуваат и други имиња, како Јирген Клинсман, Луис Фелипе Сколари, Берт ван Марвијк и Франк Рајкард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА