Во таборот на холандската репрезентација пред четвртфиналната пресметка со Аргентина на Мундијалот во Катар главно се занимаваат со прашањето како да ја запрат првата ѕвезда, Лионел Меси.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг долго го познава Меси, но тоа не му помага да го знае начинот како да го елиминира.
„Искрено не знам. Го познавам долго, но не знам како да го запреме. Тој веќе 15 години е фудбалер кој прави разлика на терен. Дури и не тренинг беше невозможно да го запрете. Таа задача не може да ја исполни поединец, но мора да го запреме како тим“ – вели Де Јонг.
Но, за разлика од него, селекторот Луис Ван Гал има сосема друг одговор. Тој верува дека Меси може да биде дури и предност за Холандија.
„Меси е најопасниот фудбалер на светот, способен да создаде многу а шанси а во исто време и брилијантен стрелец“ – вели 71-годишниот Ван Гал, но во исто време потенцирајќи дека седумкратниот освојувач на Златната топка е и слаба точка на тимот.
„Кога Аргентина ќе ја загуби топката, не работи многу. Не помага во одбраната и така дефанзивно Аргентина всушност е со играч помалку на терен. Тоа е наша шанса“ – дополнува стратегот на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА