Ван Гал не може да преболи: СП во Катар беше наместено за Меси да стане светски шампион

Луј ван Гал се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако изјави дека СП во Катар било наместено со една единствена цел – Лео Меси да ја освои титулата што му недостигаше во кариерата.

Тој ја водеше Холандија на овој мундијал и во четвртфиналето беше елиминиран токму од Аргентина, спасувајќи се во последните секунди од мечот, но потоа губејќи во пенал-рулетот.

„Не сакам многу да зборувам на таа тема. Само погледнете како Аргентина стигнуваше до голови како ние се мачевме да дадеме гол против нив… Аргентинците во бројни ситуации ги газеа правилата и не беа санкционирани. Од сегашна перспектива, јасно ми е дека се било со умисла… стојам зад тоа. Се беше направено за Меси да стане светски шампион. Тоа е мојот став“, изјави Ван Гал.

Искусниот стручњак токму со тој пораз стави крај на авантурата како селектор на „лалињата“, по што на негово место пристигна Роналд Куман.

Се вчитува...