Ван Гал остана непоразен на клупата на Холандија: Треба да се подобриме, во спротивно нема да бидеме светски прваци

Искусниот Луј Ван Гал беше на клупата на Холандија по 18-ти пат, откако се врати на селекторската клупа во 2021 година, и натаму е без пораз. Неговата селекција дојде попладнево до 13. победа, а тимот има одиграно и пет нерешени средби. Инаку Ван Гал постави уште еден рекорд. Тој е единствен холандски селектор кој не загубил во регуларен дел на Светските првенства. Беше поразен само од Аргентина на СП во Бразил 2014 година на пенали.

Ван Гал после победата над САД и пласманот во 1/4 финалето кажа дека не е задоволен од некои сегменти на играта, пред се од тоа што неговиот тим нема посед на топката.

„И натаму не сме добри во поседот. Кога противникот ја има топката правиме се како што треба, но дозволуваме многу шанси. Тоа мора да се подобри, во спротивно нема да бидеме светски прваци. Сега имаме малку одмор. Ќе им дадам слободен ден на играчите, да не ме гледаат ниту тие мене ниту јас нив. И тие се уморни од мене“, рече Ван Гал.

Се вчитува...