Ван Гал: Сите зборуваат за прекрасната игра на Бразил, јас гледам обична „контрашка“ екипа

Бразил со досегашните партии на Мундијалот во Катар, покажа дека е една од најсериозните селекции да стигне до пехарот на Светското првенство во Катар. Бразилците на патот кон 1/4 финалето и дуел со Хрватска, ја совладаа Јужна Кореја во една убедлива игра во која уште во 36. минута „кариоките“ водеа со 4-0.

Играта на Бразил ја коментираше и холандскиот селектор Луј Ван Гал кој што многу не е импресиониран од играта на Бразилците, што јасно го кажа во изјава.

„Гледав како играат и читав што се пишува по холандските медиуми. Се зборува дека нивната игра „пршти“ дека е прекрасна. Јас гледам една обична контрашка екипа. Јужна Кореја само напаѓаше, а Бразил контрираше. Ништо повеќе“, рече Ван Гал.

Се вчитува...