Ван Гал: Третманот оди одлично, се чувствувам многу добро

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луис Ван Гал вели дека неговиот третман против канцерот оди во најдобар ред што беше прифатено со големо воодушевување кај светската јавност.

Болеста кај холандскиот стратег била дијагностицирана на почетокот на годината, а целиот овој период се лекувал и бил подложен на хемотерапија иако тоа не го знаела јавноста. Додека беше на лекување тој успешно ја вршеше функцијата селектор на „лалињата“.

„Минувам низ сиот овој период. Имав 25 третмани, и лекарите ми рекоа дека мора да минат шест месеци, за да се види дали истите се успешни. Така и беше и сега се чувствувам многу подобро“, вели Ван Гал.

Се вчитува...