Доскорашниот в.д. менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој е еден од фаворитите за клупата на Лестер Сити. Покрај Холанѓанецот, за оваа позиција се бори и Грем Потер, кој е без работа откако доби отказ од Челси минатата сезона.
Ван Нистелрој исто така се поврзува и со Барнли и Ковентри, а од Германија стигнуваат информации дека би можел да го преземе Хамбургер, клуб во кој играше во кариерата.
Лестер остана без тренер откако го отпушти Стив Купер по поразот од Челси. Во клубот остана само неколку месеци, откако летоска го презеде клубот од Енцо Мареска, кој се пресели во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА