Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим се приближува кон испразнетото менаџерско место на Манчестер Јунајтед , но не се очекува да биде назначен пред 11 ноември, кога почнува репрезентативната пауза, пишува Дејли Мејл.
Затоа привремениот менаџер Руд ван Нистелрој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во следните три натпревари, кои се против Челси , ПАОК, и Лестер . Тој вчера успешно дебитираше на чело на тимот во убедливата победа од 5:2 над „лисиците“ за Карабао купот. Во меѓувреме, Атлетик објави дека клубот постигнал договор со Спортинг да плати 11 милиони евра како обештетување за Аморим, чие деби за Јунајтед ќе биде против Ипсвич на 24 ноември.
Според информациите, тренерот ќе добие договор до летото 2027 година со опција за уште една година со плата од 6,5 милиони фунти по сезона. Тој ќе пристигне со свој персонал со помошниците Карлос Фернандес, Аделио Кандидо, Емануел Феро, како и Хорхе Витал како тренер на голманите и Пауло Бареира како спортски аналитичар. Па не е јасно дали и како Ван Нистелрој ќе остане на „Олд Трафорд“ откако беше во улога на помошник на отпуштениот Ерик тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА