Борбата за премиерлигашки опстанок на Лестер уште повеќе се искомпликува откако „лисиците“ неочекувано лесно и убедливо загубија на домашен терен од Брентфорд со 0-4. Победникот беше решен уште во првото полувреме што гостите го одиграа беспрекорно, додека Руд ван Нистелрој беспомошно гледаше од клупата на Лестер како неговиот тим повторно останува со празни раце на еден меч на својот стадион.
Првиот гол беше дело на Виса, кој немаше тешка задача да ја затресе мрежата по маестралната асистенција на Дамсгард. Потоа на сцена стапи Мбеумо, камерунскиот напаѓач со прекрасен погодок зголеми на 0-2, пред да асистира до Норгард за убедливи 0-3 по само 32 миунти игра.
Се беше решено, а домаќините дури и можат да бидат среќни од конечниот исход ако се знае дека Брентфорд имаше уште неколку одлични шанси во второто полувреме, но постигнаа само уште еден гол, преку „резервистот“ Карвалјо во 89. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

