Ван Нистелрој неизвесен за иднината: Се немам ни слушнато со Аморим

Руд ван Нистелрој, легендата на Манчестер Јунајтед се врати на „Олд Трафорд“ на почетокот на сезоната како дел од стручниот штаб на Ерик тен Хасг, а по заминувањето на холандскиот тренер го превзема „жешкото столче“ од сонародникот.

Ван Нистелрој ќе ја врши тренерската функција се до превземањето од страна на Рубен Аморим на почетокот на престојната репрезентативна пауза, а што понатаму не знае ни самиот.

„Ќе видиме што ќе биде со мене понатаму, тешко мие сега да коментирам, треба да разговараме. Во меѓувреме најважно за клубот се секојдневните обврски и натпреварите во Лига Европа“, изјави Ван Нистелрој.

Холанѓанецот ги доби симпатиите на фудбалерите и навивачите на Манчестер Јунајтед со еурофоричните прослави па тие изразија голема желба тој да биде дел од клубот и под водство на Аморим.

Се вчитува...