Португалскиот тренер Рубен Аморим го презеде Манчестер јунајтед, кој во понеделникот вечерта пристигна во клупските простории каде се сретна со челниците на клубот.
Португалецот има две недели да го подготви тимот за првенствениот натпревар против Ипсвич по репрезентативната пауза.
Доаѓањето на Аморим значи заминување на Руд ван Нистелрој, кој привремено го водеше Јунајтед по Ерик тен Хаг, со три победи и едно реми во четири натпревари. Ван Нистелрој се збогува со писмо објавено на социјалните мрежи.
„Беше прекрасен момент, се вратив во клубот и почнав да работам. Го водев четири натпревари, сите четири дома. Имавме добри резултати и постигнавме навистина убави голови. Чувството е посебно. Татко ми и син ми ме гледаа. Ова беа фантастични моменти“, изјави Нистелрој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА